Close Menu
    Најново

    Погледнете колку снег вее во Берово денеска

    26.12.2025 во 11:17

    Путин откри што бара Трамп во Запорожје: „Сакаат да ја користат нуклеарката за копање биткоини“

    26.12.2025 во 11:10

    НБРМ: Банкарскиот сектор во одлична кондиција – граѓаните и фирмите редовно ги плаќаат ратите

    26.12.2025 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Погледнете колку снег вее во Берово денеска
    • Путин откри што бара Трамп во Запорожје: „Сакаат да ја користат нуклеарката за копање биткоини“
    • НБРМ: Банкарскиот сектор во одлична кондиција – граѓаните и фирмите редовно ги плаќаат ратите
    • Нема да има нови даноци, но ќе се затворат „дупките“ во законите: Димитриеска-Кочоска најавува крај за даночните евазии
    • Зеленски најави итна средба со Трамп: „Многу работи ќе се решат пред Нова година“
    • Акција за заловување на кучиња скитници
    • Пробал да шверцува монети во Македонија, ама го фатиле на граница – заврши во станица
    • Трамп и Зеленски се договорија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас?

    Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас?

    03.12.2025 во 12:31
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, само затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас на Заеви?, прашува Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Дали Заев и Љупчо Николовски склучувале договори во 4 очи за местење на тендери? Исто така, кои други грантови, тендери биле добивани и доделувани, а се поврзани со истово ова трио?

    Кога се спомнува зборот корупција, првата асоцијација е СДС, Заев, Филипче и Љупчо Николовски.

    Власта на Заев, Филипче и Љупчо Николовски меѓу јавноста е позната како најкорумпираната и најкриминалната власт во историјата на Македонија“, рече Манасиевски.

    Манасиевски посочи дека Љупчо Николовски своевремено, освен министер за земјоделие, беше и вицепремиер за борба против корупција. Но, наместо да се бори против истата,  тој по насока на неговиот ментор Заев, ја создавал и бил активен чинител на истата.

    „Дека станува збор за корупција, се јавува фактот што по отписот на 2000 тони жито од стоковите резерви на државата во вредност близу 800.000 евра, кое е подарок од Заев и Филипче кон Љупчо Николовски, веќе следната година, тој му возвраќа на Заев со грант од Агенцијата за ИПАРД во вредност од 1,4 милиони евра.

    Добитник на овој европски грант е фирмата „Тргопродукт’’ на Заеви, односно познатиот бренд „Мамас’’. Уште по сомнително е тоа што во тоа време, овој грант од 1,4 милиони евра, бил втор најголем грант во историјата на ИПАРД програмата. И ова не е единствен ваков случај, и затоа го повикуваме обвинителството да го истражи ова до крај.

    Сега е шансата на обвинителството да се покаже, да отпочне постапка по допрен глас и да ги провери сите овие сомнежи.

    А додека Филипче ги разрешува сите околу него, освен тој самиот, нека одговори до кога ќе ја држи функцијата претседател на СДС само за да му удоволи на Заев и на нивните бизнис интереси“, истакна Манасиевски. 

    Популарно

    Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

    25.12.2025 во 22:46

    ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ си послале кревет во канцеларија во министерството

    25.12.2025 во 22:21

    Мицкоски кон ДУИ: Вие донесовте одлука за бришење на балансерот, должите извинување на Албанците

    25.12.2025 во 12:27

    Силно невреме во регионот: Снег трупа на повеќе патни правци – апели до Србите да не возат без потреба

    26.12.2025 во 10:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.