Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изнесе серија шокантни тврдења за заднината на ПР тимот на СДСМ. Според него, главниот стратег на Бихачка е Зоран Башановиќ, човек опишан како поранешен естраден менаџер, сопственик на телевизија и контроверзна фигура апсена во САД.
„Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс-советник на Заев, го води ПР-от на СДСМ и Филипче. Овој човек бил избркан од СНС во Србија поради сомнителни милионски договори, а сега од скопски хотел диригира со лагите на СДСМ против српскиот претседател и владата“, изјави Манасиевски.
Од партијата додаваат дека Башановиќ, заедно со Милјан Шчекиќ од агенцијата „Ај медија“, се изворот на сите навреди и омаловажувања насочени кон македонскиот народ по директна насока на Зоран Заев.


