Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати остри обвинувања до опозициската СДСМ, тврдејќи дека партијата веќе пет дена не ја демантира соработката со Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ. Според Манасиевски, токму нивните „лоши ПР лекции“ се причината за ниската конкурентност на СДСМ на политичката сцена.
Манасиевски смета дека Филипче со својот молк директно ги потврдува тезите на ВМРО-ДПМНЕ за нивната меѓусебна поврзаност.
„Неоснованите прес-конференци и клеветничките говори се доказ дека ПР тимот на СДС не им носи успех, туку само ги влече подлабоко. Со ваквиот однос, СДС ќе стане партија со под 100.000 гласови“, изјави Манасиевски.

