Малолетник заврши во болница по судир меѓу мотоцикл и автомобил

Вчера во 20.22 часот во Итната медицинска помош Демир Хисар била пријавена сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „шинрај“, управуван од малолетник од с.Утово и патничко возило „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од З.П.(44) од с.Утово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот од с.Стругово, констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР.

Извршен бил увид од увид од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.

08.08.2022 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега