Малолетник се обидел да силува 13-годишно девојче во Штип

Петнаесет годишен малолетник од Куманово се обидел да обљуби 13 годишно девојче од Штип. Вчера во близина на пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип во периодот од 17 до 19 часот малолетникот се опбидел да изврши обљуба врз девојчето, кое барало помош. Случаен минувач слушнал како девојчето повикува и бара помош, по што веднаш повикал полиција.  Полициските служби го лишиле  од слобода малолетникот од Куманово.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека 15 годишниот малолетник од Куманово и две години помалото девојче од Штип се запознале на социјалните мрежи, каде и имале комуникација.

За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.04.2021 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега