Малолетник прободен со нож пред училиште во Скопје - префрлен во Клинички
Малолетник вчеравечер заврши во Клиничкиот центар во Скопје со тешки повреди здобиени од нож. Тој бил нападнат во близина на скопско училиште од толпа врсници. Полицијата работи на случајот.
Вчера пријавено е дека во близина на училиште во Скопје малолетник од Скопје бил нападнат со остар предмет од неколку лица, најверојатно малолетници. Лицето е пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
18.09.2024 - 09:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа