Малолетник претепан пред училиште од двајца ученици

Вчера во с. Драслајца бил истепан малолетник од двајца ученици.

„На 24.11.2022 во 16.40 часот Полициската станица Струга, А.М.(36) од с.Мороишта, струшко, пријавила дека околу 09.30 часот пред основно училиште во с.Драслајца нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници-ученици во истото училиште“, се вели во соопштението.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

25.11.2022 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа