Малолетник од Албанија со „мерцедес“ удрил во „сканија“ – со тешки повреди итно пренесен во болница

16-годишник од Албанија е тешко повреден откако управувајќи возило марка „мерцедес“ удрил во товарно возило „сканија“.

-Вчера во 08.00 часот во Струга на магистрален пат А2 Струга-Ќафасан во близина на каменолом се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од 16 годишен малолетник од Р.Албанија, и товарно моторно возило „сканија“ со приколка со беровски регистарски ознаки, управувано од Б.О.(63) од Велес. По незгодата малолетниот возач е пренесен во болницата „Св.Еразмо Охрид“ каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди, велат од полицијата.

 Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Струга.

11.09.2021 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега