Вчера околу 14 часот во село Батинци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје, кој бил затекнат како управува патничко возило без да се стекне со право за управување. Малолетникот бил запрен при сообраќајна контрола, при што било утврдено дека го управувал возилото „тојота“ со скопски регистарски ознаки, иако немал возачка дозвола, информирраа од МВР.
За случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, од полицијата најавуваат соодветна пријава.


