Малолетници ем си пиеле алкохол, ем си уживале во дискотека по полноќ

 На подрачјето на Прилеп вчеравечер беше реализирана превентивна активност „Соседска патрола“ во која учествуваа родители, педагошки служби од основни училишта. Извршена беше контрола и посета на повеќе угостителски објекти, паркови и други јавни простори каде има присуство на малолетници во ноќните часови. Притоа, во два угостителски објект биле затекнати пет малолетници од Прилеп кои консумирале алкохол.

– Целта на ваквите активности е родителите на малолетниците да добијат претстава на какви ризици се изложени нивните деца и како да се препознаат и превенираат ризиците од вакви појави на девијантно однесување, велат од Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот против одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

06.08.2022 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега