Малолетничка со остар предмет ја нападнала својата мајка и ѝ нанела повреди

Вчера околу 18.30 часот се случил инцидент во дом на подрачјето на Аеродром.

По претходна расправија, малолетничка со остар предмет ја нападнала својата 38-годишна мајка и ѝ нанела повреди.

„Полициски службеници и претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, во координација со Јавен обвинител за малолетници, излегле на местото и, по преземени мерки, малолетничката и нејзината мајка биле сместени во здравствени установи за понатамошно лекување“, информираат од МВР.

29.11.2022 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега