Макрон: Силно ја осудувам нелегална анексија на украинските региони

 

Франција им се придружи на земјите кои ја осудија анексијата“ на четири региони.

Во соопштението од Елисејската палата се наведува дека францускиот претседател Емануел Макрон „најостро го осудува“ заземањето на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје.

„Силно ја осудувам руската нелегална анексија на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон. Ова е сериозно кршење на меѓународното право и украинскиот суверенитет“– напиша Макрон на Твитер.

Во соопштението тој чин се опишува како „сериозно кршење на меѓународното право и суверенитетот на Украина“.

„Франција се спротивставува на овие анексии и стои на страна на Украина со цел да го врати својот целосен суверенитет и целата нејзина територија наспроти руската агресија“ додаваат во соопштението.

30.09.2022 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега