Макрон: Мислам дека уште има можност за преговори со Путин

 

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во интервју за „Еј-би-си“ изјави дека верува оти преговорите со рускиот претседател Владимир Путин за крајот на војната се’ уште се можни. Макрон рече дека е голема грешка на Путин што ја почна инвазијата на Украина.

Во интервјуто, Макрон зборуваше за неговата посета на Вашингтон и за зајакнувањето на Франција како најстар сојузник на САД, особено за време на војната меѓу Русија и Украина. Новинарoт го праша Макрон за неговата визија за успешни мировни преговори.

„Добриот мир не е мир што двете страни нема да го прифатат на среден и долг рок“, коментира францускиот претседател.

„Мислам дека претседателот Путин направи голема грешка со започнувањето на оваа војна“, рече Макрон.

„Имаше политички и дипломатски процес во кој беше вклучена меѓународната заедница. И тој одлучи сам, врз основа на лажен наратив, велејќи дека НАТО ќе ја искористи Украина за да ја нападне Русија, што е сосема погрешно“, рече Макрон.

Новинарот го праша Макрон дали човек кој е способен да донесе таква погрешна одлука е способен да преговара за мир. „Тоа е прашањето, сепак, се надевам дека Путин ќе биде рационален во преговорите за ставање крај на војната.

„Путин е долго време на чело на Русија, го познава својот народ. Згреши што ја нападна Украина. Можно ли е враќање на преговарачка маса со Путин? Мислам дека сè уште е можно“, изјави Макрон за ABC.

01.12.2022 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега