Макрон: Франција не е во војна со Русија

 

 

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз не учествува во војната против Москва и дека не испорачува оружје за напади на руска територија.

„Ние не водиме војна против Русија. Тоа не е војна со Руската Федерација“, рече Макрон во интервју за „TF1“.

Тој додаде дека Франција ја поддржува Украина во нејзиниот отпор, но дека тоа не значи испорака на оружје за напад на руска територија.

„Ја поддржуваме Украина во нејзиниот отпор, што значи дека не испорачуваме оружје што би можело да стигне до руска територија или што може да се користи за напад на Русија“, рече Макрон.

16.05.2023 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега