Макрадули не сака да коментира, откако Владата го разреши од позицијата директор на АД „Пошта“

Поранешениот пратеник и министер од СДСМ Јани Макрадули е разрешен од позицијата директор на АД „Пошта“.

ТВ21 се обрати до Макрадули за коментар во однос на оваа одлука од Владата, но тој рече дека прашањето треба да се постави на друго место.

„Мислам дека адресата за прашањето за разрешување е таму каде ме разрешиле“, рече Макрадули.

 

 

19.04.2022 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега