Макпетрол: Големо поевтинување на гасот

„Макпетрол“ АД Скопје соопшти дека согласно договорот со „Гаспром експорт“, како и движењето на цените на светските берзи, природниот гас за месец декември ќе поевтини за 100 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за ноември.  

 – Малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 11 денари за килограм, во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 134,5 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 123,5 денари за килограм или 88 денари за литар, информираат од „Макпетрол“ АД Скопје


01.12.2022 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа