Македонските ракометари во групата носители пред мундијалската жрепка

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска официјално го потврди составот на шеширите за баражот за пласман на Светското првенство кое во 2025 година заеднички ќе го организираат Хрватска, Данска и Норвешка.

Македонската репрезентација се најде во првиот шешир и ќе биде носител во жрепката која е закажана за 27 јануари.

Можни противници на македонските ракометари се репрезентациите на Грузија, Србија, Фарски Острови, Швајцарија, Романија, Грција, БиХ, Белгија/Италија, Естонија/Украина, Финска/Литванија и Словачка/Луксембург/Израел.

На Европското првенство кое е во тек избраниците на селекторот Кирил Лазаров ја совладаа Швајцарија, а претрпеа порази од домаќинот Германија и Франција, и го освоија 17 место.

22.01.2024 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега