Македонските фудбалери во Букурешт ќе играат пред публика

УЕФА потврди дека засега нема промена на планот за одржување на Европското првенство на кое за првпат ќе учествува македонската репрезентација.

 Истовремено од Романија чиј главен град е меѓу домаќините информираа дека на трите натпревари во групната фаза и еден од осминафиналето дури ќе биде и дозволено присуство на публика.

-Властите го прифатија предлогот на локалниот организациски одбор да дозволи пристап на гледачи на трибините на натпреварите од ЕВРО 2020 од 25% од вкупниот капацитет на националниот стадион, се вели во соопштението на романската фудбалска федерација.

Тоа значи дека нашата фудбалска селекција, која во Букурешт ќе ги игра дуелите против Австрија на 13 јуни и четири дена подоцна  на 17 јуни против Украина, ќе ги игра со присуство на публика, но не повеќе од 12.000 гледачи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега