Македонскиот пејач заразен со коронавирус: „За општо добро, ќе се придржувам кон самоизолацијата“

Македонскиот музичар Спасен Силјаноски од Кичево е позитивен на вирусот Ковид-19, а тој оваа вест самиот ја потврди преку својот Фејсбук профил.

„Не е грев да се добие ковид-19, бидејќи не знаеме кој го носи, но грев е да се прикрие доколку се има и да се заразат твоите блиски роднини и пријатели. Затоа, поради моја морална и етичка одговорност ви го соопштувам ова“, напиша тој.

Спасен откри како се заразил, но и како се чувствува.

„Бев  во контакт со инфицирано лице со Ковид-19 и одлучив да направам и јас тест,  кој за жал денес покажа дека е позитивен, односно  дека во моментов сум позитивен на Ковид-19. За моја среќа немам никакви симптоми и потешкотии, но како што е процедурата во интерес на општо добро ке се придржувам кон самоизолацијата се до добивањето на два последователни негативни теста. Ви посакувам здравје на сите, внимавајте на вашите контакти и со Господ напред се гледаме за 14 дена, јас пиво частам“ додава тој на „Фејсбук“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа