Македонскиот амбасадор во Италија Мемеди сам барал Рим да не ги прифаќа пасошите на кои нема Северна
Амбасадорот на Македонија во Рим, г-н Весел Мемеди, со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името "Република Македонија", од 12.02.2024 се неважечки. Со тоа, наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, особено нивното право на слободно движење, како и загрозување на правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите, пишува на социјалните мрежи поранешниот Министер за надворешни работи а сега опозициски пратеник Антонио Милошоски.
15.02.2024 - 09:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа