„Македонски железници“ не си ја врши работата, рече министерот Бочварски

Со години и со децении претпријатието „Македонски железници и транспорт“ работи во тешки услови со финансиска поддршка од Владата за да може да реализира одреден број линии во нивниот оперативен план.

Ова го изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и додаде дека минатата годиниа финансиски го помогнале претпријатието со 15 милиони евра, а оваа година очекува подддршката да достигне до 25 милиони евра.

„Би го поставил и прашањето дали граѓаните се задоволни од тоа што го прави ова претпријатие и дали ние како Влада сме задоволни, но сите сме согласни дека ова претпријатие не си ја врши работата што ја очекуваат граѓаните од него. И токму поради тоа во Собранието е законот за либерализација на превозот и очекуваме по изгласувањето на овој закон, да им се отвораат вратите на други оператори од регионот, кои сакаат да оперираат по македонските железнички пруги“, дополни Бочварски.

Тој е дециден дека ќе се продолжи и во делот на изградба на железничките пруги.

20.11.2023 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега