Македонски здруженија од Прилеп и Куманово во Благоевград на отворањето на македонскиот културен центар

 

Делегација на граѓанските здруженија „За наше Куманово“ од Куманово и „За нашите граѓани“ од Прилеп беше на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

Делегација на граѓанските здруженија „За наше Куманово“ од Куманово и „За нашите граѓани“ од Прилеп предводена од Даниел Стојчевски, Зоран Јовановски и Ристо Николовски, денеска во Благоевград, Република Бугарија присуствуваат на отворањето на Македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров”.

„Независниот кандидат за градоначалник на последните локални избори од „За наше Куманово“ и актуелен градоначалнил Максим Димитриевски упати честитки на иницијаторите на оваа иницијатива и посака успешна работа на клубот во остварување на нивните програмски определби“, се вели во соопштението.

 
30.10.2022 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега