Телото на 45-годишната Гркинка која се водеше како исчезната од 30 мај, е откопано во нива на пет километри од нејзиниот дом по шокантното признание на нејзиниот потстанар.

Истражителите од Одделот за борба против криминалот во Ханија успеале да извлечат детално признание од 43-годишниот македонски државјанин кој лично им ја покажал точната локација каде го закопал телото.

Првичните медицински наоди од патологијата покажале језиви повреди на главата нанесени со тврд железен предмет, како и тешки убоди во пределот на градниот кош.

Додека Македонецот се брани дека убиството се случило во афект поради банална штета во објектот, грчката полиција отвори истрага за можен обид за силување или друг сексуален мотив.

Бројни полициски екипи остануваат на терен на Крит за да се соберат сите материјални докази пред убиецот да биде изведен пред надлежниот јавен обвинител во Грција.

Официјално соопштение од грчките безбедносни органи со сите потврдени околности и кривични пријави за македонскиот државјанин се очекува во текот на денот.

Според најновите информации објавени во грчките медиуми, тој пред инспекторите ладнокрвно признал дека кобниот ден започнал жестока расправија со сопственичката.

Конфликтот брзо ескалирал во брутален физички напад, по што Македонецот ја убил несреќната жена во објектот каде што престојувал.

За да ги сокрие трагите од грозоморното злосторство, тој го ставил телото на жртвата во вреќа, го натоварил во автомобил и го пренел до блиската рурална област каде што го закопал.

Exit mobile version