Македонската водителка за својот син кој треба да тргне на училиште: Зарем после се ќе оди на школо нормално како и лани?
Поради пандемијата со вирусот Ковид-19, Владата на Република Македонија донесе одлука учебната година да започне од 1. октомври.
Министерката за образование и наука Мила Царовска на кажа дека ако има услови според протоколот што го постави Комисијата за заштита од заразни болести, училиштето да може да формира класови до 20 ученици, и во такви услови да се дозволи да се одржува во тоа училиште настава со физичко присуство.
Ова се однесува на средните и на основните училишта од четврто до деветто одделение.
Родителите на децата до трето одделение имаат право да доберат дали нивното дете наставата ќе ја следи онлајн или со физичко присуство.
Македонската водителка и блогерка, Миа Костова потпишала дека нејзиниот син Андрија, наставата ќе ја следи онлајн, а зошто постапила така таа објасни во објава на Фејсбук:
„Потпишав следење на онлајн настава за Андрија, само и единствено заради мерките и протоколите како и задолжителното носење маска за цело време додека трае наставата. На деца од 6, 7 и 8 години? Ниту сметам дека има социјализација на ваков начин ниту сметам дека ова воопшто може да се почитува на таа возраст. Сметам дека учителките ќе полудат за брзо време и крајно сметам дека дишењето во маска 2-3 часа е сериозен удар врз имунитетот на детето, кое ем ќе се разболува почесто, ем после сето ова, ако воопшто има крај, ќе биде болно на развигорче ветер. И уште ме интересира дали на секоја температура во одделение на било кое дете од џеб ќе треба да плаќам по 4000 денари, за да сум мирна? Онлајн или после сите журки, религиозни збиранки, аеродромски лумперајки ќе оди во школо нормално како и лани? Толку! Со среќа нова школска година!“ – јавно порача Миа Костова, јасно определувајќи се за она што смета дека е исправна одлука на еден свесен и совесен родител, на една мајка на малолетно дете – основец“, напиша Костова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа