48-годишен струмичанец бил приведен откако полицијата во неговиот дом пронашла пакувања со хероин и кокаин, дигитални ваги и други предмети со остатоци од прашкаста материја.

Претресот бил извршен на 12 октомври, со судска наредба. Освен во домот, полицијата извршила и личен претрес на мажот, при што биле пронајдени и одземени предметите.

Тој е задржан во полициската станица во Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител. По документирањето на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version