ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.С. (39) од село Десово, општина Долнени, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

На улицата „Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници му дале знак за запирање на патничко возило, кое го управувал пријавениот. Тој не застанал и продолжил со движење, при што неговиот совозач фрлил ловечка пушка од возилото. Пушката била пронајдена и одземена од страна на полицијата.

Exit mobile version