Македонската пејачка и водителка: "Не е време да се пцуеме, жртвите не се ни закопани"

 

Македонската пејачка и водителка, Бојана Скендеровски, се огласи на својот Фејсбук по трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени во пожарот кој ја зафати дискотеката Пулс, каде вечерта настапуваа ДНК.

- Сите тагуваме,сите сме укочени од болка,сите сме во шок што ни се случи…не е време за препукувања, не е време да се пцуеме, не е ни време да се биде хиена, и да се зграпчи некој лајк повеќе, жртвите не се ни закопани, не се знае ни за судбината на многу повредени…да бидеме човечни,ве молам да останеме луѓе….напиша Бојана.

 

Претходно, таа се прости и од својот колега, Андреј од ДНК кој го загуби животот кобната вечер на 16 Март.

- Многу ми е жал Андреј…не беше време,многу е рано Андреј…Ако утре те нема, не можеме, а да не жалиме…напиша пејачката и водителка.

 

18.03.2025 - 08:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега