Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската берза одбележува 30 години од првото тргување

    31.03.2026 во 08:14

    „Отворен ден“ на Царинската управа на плоштадот во Гевгелија

    31.03.2026 во 08:12

    Во Вила „Водно“ Сиљановска го пречекува претседателот на Црна Гора

    31.03.2026 во 08:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонската берза одбележува 30 години од првото тргување
    • „Отворен ден“ на Царинската управа на плоштадот во Гевгелија
    • Во Вила „Водно“ Сиљановска го пречекува претседателот на Црна Гора
    • ДКСК ќе ги разгледува годишните извештаи и финансирањето на изборната кампања
    •  „Интегритет, реформи, правда“ – Обвинителството го одбележува 31 Март со свечен настан
    • Народниот правобранител со извештај за човековите права за 2025
    • Лош пресврт со времето до петок – УХМР најавува обилни дождови и снег
    • На овие начини можете да се ослободите од секојдневниот стрес
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонската берза одбележува 30 години од првото тргување

    Македонската берза одбележува 30 години од првото тргување

    31.03.2026 во 08:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонска берза АД Скопје денеска одбележува значаен јубилеј – три децении од почетокот на организираното тргување со хартии од вредност во земјава.

    По тој повод, во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе се одржи свечена вечера посветена на 30-годишниот развој на пазарот на капитал, партнерствата и заедничките достигнувања.

    Мисијата на Берзата е да обезбеди ефикасно, транспарентно и сигурно функционирање на секундарниот пазар на хартии од вредност, овозможувајќи им на инвеститорите фер пристап до финансиските инструменти, како и поддршка за компаниите во обезбедување капитал за нивниот развој.

    Основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје било одржано на 13 септември 1995 година, а првиот ден на тргување се реализирал на 28 март 1996 година, кога за првпат било означено берзанското ѕвоно во земјата.

    Работата на Берзата тогаш ја означил претседателот Киро Глигоров, а тргувањето првично се одвивало два пати неделно – во вторник и четврток.

    На 16 октомври 1996 година, Берзата станала полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи. Основана е од 19 правни субјекти, меѓу кои 13 банки, три осигурителни друштва и три штедилници.

    Популарно

    Македонската берза одбележува 30 години од првото тргување

    31.03.2026 во 08:14

    „Отворен ден“ на Царинската управа на плоштадот во Гевгелија

    31.03.2026 во 08:12

    Во Вила „Водно“ Сиљановска го пречекува претседателот на Црна Гора

    31.03.2026 во 08:09

    ДКСК ќе ги разгледува годишните извештаи и финансирањето на изборната кампања

    31.03.2026 во 08:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.