Во Вашингтон денеска ќе се одржи втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, настан кој се реализира по четиригодишна пауза. Високата владина делегација ја предводи министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Покрај него, на средбите учествуваат и министрите Панче Тошковски (МВР), Владо Мисајловски (Одбрана), Стефан Андоновски (Дигитална трансформација) и министерката за енергетика, Сања Божиновска.

„Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на билатералната соработка и унапредување на партнерството со САД, со фокус на клучни области од заемен интерес, вклучително одбраната и безбедноста, сајбер-бебедноста и технолошката соработка, економијата, трговијата и енергетиката“, соопштија од МНРиНТ.

Од министерството нагласуваат дека оваа сесија е потврда за континуитетот на сојузништвото и заедничката посветеност кон стабилноста и просперитетот на регионот.

Exit mobile version