Македонка загина во сообраќајка во Будва
Седумдесет и тригодишната државјанка на Македонија О.П. загинала во сообраќајна несреќа што се случила вчера во црногорскиот град Будва, пренесуваат медиумите.
До несреќата дошло кога жената, 45 минути по полноќ, ја преминувала улицата во близина на зградата на комуналната полиција на стотина метри од главните семафори. Во тој момент во неа со автомобил удрил 28-годишниот М.М од Тиват, пренесува црногорскиот медиум „Вијести“.
По наредба на Основното државно обвинителство истрагата ја спровела сообраќајната полиција на Одделението за безбедност во Будва. Телото на жртвата било испратено на обдукција, додека возачот бил уапсен.
Од Основното државно обвинителство (ОДТ) во Котор соопштуваат дека М.М е уапсен поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа