Close Menu
    Најново

    Авиокомпаниите имаат право да не ве пуштат во авионот ако имате некоја од овие болести

    04.11.2025 во 23:28

    Со колку пари се купува среќата?

    04.11.2025 во 23:15

    Венера во Скорпија од 6 ноември: Љубовта веќе не е случајна и површна

    04.11.2025 во 22:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Авиокомпаниите имаат право да не ве пуштат во авионот ако имате некоја од овие болести
    • Со колку пари се купува среќата?
    • Венера во Скорпија од 6 ноември: Љубовта веќе не е случајна и површна
    • Дронови предизвикаа привремено затворање на аеродромот „Зевентем“ во Брисел
    • Русија започна сериско производство на ракетниот систем „Орешник“
    • Вучиќ: Ако воведеме санкции врз Русија и го признаеме Косово, утре би биле во ЕУ
    • Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ
    • Мамдани до Трамп: Не ти се плашам
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија влегува во системот за инстант плаќање на ЕУ: Славески на 15 октомври во Вашингтон ќе го потпише писмото на намери со кое земјава ќе влезе во системот на инстант плаќање

    Македонија влегува во системот за инстант плаќање на ЕУ: Славески на 15 октомври во Вашингтон ќе го потпише писмото на намери со кое земјава ќе влезе во системот на инстант плаќање

    24.09.2025 во 13:24
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска изјави дека на годишните средби на ММФ и Светска банка што почнуваат на 15 октомври, ќе го потпише писмото на намери, со кое што Северна Македонија ќе влезе во системот на инстант плаќање заедно со останатите земји од Западен Балкан.

    -Во Вашингтон на 15 октомври јас како гувернер на Народна банка ќе го потпишам писмото на намери и со тоа влегуваме заедно со петте земји што се подготвуваат од наредната година овој систем да биде целосно оперативен, истакна Славески.

    Тој нагласи дека ова е уште еден чекор до интеграција во системите за плаќање од Европската Унија што ќе биде од полза и за македонските граѓани и за македонските претпријатија.

    -Станува збор за систем за инстант плаќање, за систем во реално време што се извршува за неколку секунди, каде што процесот на порамнување не завршува во 14 или 15 часот туку работи 24/7. Тоа е систем на Европската цнетрална банка. ЕЦБ ја има овластено Банката на Италија да изработи клон и тој клон да го понуди на системот ТИПС на земјите на Западен Балкан. Србија има сопствен систем во рамки на Централната банка и е надвор од тој процес. Во јануари, четири од останатите пет земји од Западен Балкан го имаат потпишано писмото на намери. Наша делегација била присутна во Рим но не знам кои причини не била дадена согласност. Јас уште со самото стапување на функцијата разбрав што се предностите на овој систем, ги направивме консултациите и ја известивме Банката на Италија дека ние сме целосно подготвени да влеземе во тој процес, појасни Славески.

    Гувернерот на Народна банка посочи дека за деталите во кој степен ова што го имаме ние како земји кои се уште се надвор од Европската Унија за разлика од земјите од ЕУ, не би можел да говори, но, истакна дека ова е значаен чекор.

    -Ние ќе се трудиме навремено да бидеме оперативни заедно со сите останати земји од Западен Балкан, подвлече Славески.

    На 1 јули 2025 земјава официјално стана дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Ова членство треба да го олесни испраќањето и примањето пари од странство, да ги намали трошоците за трансакции и да ја подобри брзината и сигурноста на плаќањата во евра.

    Популарно

    Ноември ќе не натера да ја почувствуваме есента а можеби и зимата – месечна временска прогноза

    04.11.2025 во 10:16

    Жени се тепале во Неготино: Една во болница, три во станица

    04.11.2025 во 11:36

    Како успеа Мицкоски да го исели Јакимовски од Карпош

    04.11.2025 во 12:01

    Вучиќ: Ако воведеме санкции врз Русија и го признаеме Косово, утре би биле во ЕУ

    04.11.2025 во 21:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.