Close Menu
Press24
    Најново

    Регулаторна одлучи: Од полноќ поскапуваат и бензините и дизелот

    02.11.2026 во 14:35

    Креирал лажен профил со фотографија од поранешната девојка: 34-годишник од Кочани заработи кривична

    02.11.2026 во 14:05

    Две години ја следел, вознемирувал и психички малтретирал – млада кочанчанка преживувала ужас

    02.11.2026 во 14:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Регулаторна одлучи: Од полноќ поскапуваат и бензините и дизелот
    • Креирал лажен профил со фотографија од поранешната девојка: 34-годишник од Кочани заработи кривична
    • Две години ја следел, вознемирувал и психички малтретирал – млада кочанчанка преживувала ужас
    • Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка
    • Паднаа полицајци осомничени за кражба на накит и полово вознемирување во Прифатниот центар за странци
    • Му паднале 193 таблети од џеб пред затворот во Велес: 24-годишник приведен од полицијата
    • „Слушнав звук на кровот од куќата“ – скопјанец на терасат пронашол залутан куршум
    • Директорот на БЈБ Јанев на состанок за борба против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    28.10.2026 во 10:482 Mins Read
    МЗ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски оствари серија средби со меѓународни здравствени претставници во рамки на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, со акцент на размената на искуства, билатералната соработка и справувањето со здравствените и демографските предизвици.

    Меѓу соговорниците на Клековски бил и чешкиот министер за здравство Адам Војтјех. На средбата биле разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, а македонскиот министер се заблагодарил за поддршката од Чешка по трагедијата во Кочани и ги претставил приоритетите на домашниот здравствен систем.

    Клековски разговарал и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија, како и со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Во разговорот со Бауер посебно внимание било посветено на демографските прашања со кои се соочуваат земјите во регионот.

    Во рамки на посетата, министерот имал средби и со двајца кандидати за функцијата генерален директор на СЗО – Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, и Ханан Ал-Кувари, поранешна министерка за јавно здравје на Катар.

    На овие разговори Клековски ги истакнал приоритетите на Македонија и потребата од континуирана поддршка од СЗО за земјите во европскиот регион.

    На средбите министерот бил придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Фадил Зендели, соопшти Министерството за здравство.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Регулаторна одлучи: Од полноќ поскапуваат и бензините и дизелот

    02.11.2026 во 14:35

    Креирал лажен профил со фотографија од поранешната девојка: 34-годишник од Кочани заработи кривична

    02.11.2026 во 14:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.