Close Menu
Press24
    Најново

    МВР: Сите вработени повторно имаат здравствено осигурување

    18.11.2026 во 18:10

    Пленковиќ: Хрватска нема да прави отстапки за Србија и Црна Гора на патот кон ЕУ

    18.11.2026 во 17:47

    Иванов: Предлог буџетот за 2027 година се темели на три принципи, економски раст, финансиска стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните

    18.11.2026 во 17:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР: Сите вработени повторно имаат здравствено осигурување
    • Пленковиќ: Хрватска нема да прави отстапки за Србија и Црна Гора на патот кон ЕУ
    • Иванов: Предлог буџетот за 2027 година се темели на три принципи, економски раст, финансиска стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните
    • Арсова: Со Предлог Буџетот за 2027 се зголемуваат средствата за клиничките центри во Скопје и Штип
    • Рама со порака до Македонија: Бугарите треба да влезат во Уставот
    • Жена пронајдена мртва во куќа во Удово, телото предадено на обдукција
    • Обвинение против девет велешки полицајци за убиството на Росица: Игнорирале седум пријави за семејно насилство
    • Андроид испрати предупредување за земјотрес од 6,5 степени: И Македонија е на мапата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    28.10.2026 во 10:482 Mins Read
    МЗ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски оствари серија средби со меѓународни здравствени претставници во рамки на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, со акцент на размената на искуства, билатералната соработка и справувањето со здравствените и демографските предизвици.

    Меѓу соговорниците на Клековски бил и чешкиот министер за здравство Адам Војтјех. На средбата биле разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, а македонскиот министер се заблагодарил за поддршката од Чешка по трагедијата во Кочани и ги претставил приоритетите на домашниот здравствен систем.

    Клековски разговарал и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија, како и со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Во разговорот со Бауер посебно внимание било посветено на демографските прашања со кои се соочуваат земјите во регионот.

    Во рамки на посетата, министерот имал средби и со двајца кандидати за функцијата генерален директор на СЗО – Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, и Ханан Ал-Кувари, поранешна министерка за јавно здравје на Катар.

    На овие разговори Клековски ги истакнал приоритетите на Македонија и потребата од континуирана поддршка од СЗО за земјите во европскиот регион.

    На средбите министерот бил придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Фадил Зендели, соопшти Министерството за здравство.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    МВР: Сите вработени повторно имаат здравствено осигурување

    18.11.2026 во 18:10

    Иванов: Предлог буџетот за 2027 година се темели на три принципи, економски раст, финансиска стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните

    18.11.2026 во 17:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.