Close Menu
Press24
    Најново

    Полицаец Албанец ги тепал двете момчиња – МВР ќе бара одговорност и најстроги санкции

    10.10.2026 во 12:52

    Мицкоски: Ќе ја продолжиме кризната енергетска состојба за уште шест месеци

    10.10.2026 во 12:50

    Земете пример од нив: Ова се навиките на луѓето кои никогаш не се разболуваат

    09.10.2026 во 23:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Македонското достоинство не е предмет на преговарање, сакаме европска иднина, но со исправена глава, не со свиткана и понижена кичма
    • Внатрешна контрола одлучи: Суспензија за шестмина полициски службеници за инцидентот кај Сарај
    • Едниот ги тепал сопругата, синот и снаата, другиот сопругата: Семејно насилство во Струмица
    • 12 приведени за поседување дрога во Скопје, меѓу нив и еден странец
    • Со службено возило удрил во жена во Ургентниот центар Гостивар: Поради тежината на повредите итно пренесена во СКопје
    • Трагедија во Охрид: Загинал откако се превртел со кану во Езерото
    • Мицкоски: Целта на оваа Влада е до крајот на мандатот да се приближиме до просечна плата од 1.000 евра
    • До крајот на годината има уште еден продолжен викенд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    05.05.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше за ефектите од поддршката кон домашните компании, посочувајќи дека економијата бележи позитивни поместувања кои резултираат со зголемување на бројот на вработени. Според неговите податоци, во последната година се отворени над 15.000 нови работни места.

    „Во последните година дена се креирани повеќе од 15.000 нови работни места. И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу 710.000 вработени и под 90.000 невработени, коишто се пријавени“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

    Тој направи подетална анализа на структурата на невработеноста, посочувајќи дека реалната бројка на оние кои бараат работа е значително помала ако се земат предвид земјоделците и средношколците кои по закон се водат во работоспособното население.

    „Ако во тие под 90.000 невработени имаме, да речеме околу 30.000 земјоделци. Невработените се водат како работоспособно население од 15 до 65, тоа се две генерации 15 и 16 години, средношколци, а средното образование е задолжително, ќе дојдеме до бројка од отприлика, не повеќе од 35-40.000 невработени, што претставува некаде под 5% од работоспособното население“, објасни премиерот.

    Мицкоски заклучи дека овие параметри се доказ за економскиот напредок и претставуваат рекорд во историјата на државата.

    „И ова е историски најниско ниво, од било кога, од кога постои независна Македонија“, вели премиерот.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Македонското достоинство не е предмет на преговарање, сакаме европска иднина, но со исправена глава, не со свиткана и понижена кичма

    11.10.2026 во 15:19

    Внатрешна контрола одлучи: Суспензија за шестмина полициски службеници за инцидентот кај Сарај

    11.10.2026 во 14:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.