Close Menu
Press24
    Најново

    Герасимовски за Сител: Најстроги санкции за инвеститорот и изведувачот на „Теодосиј Гологанов“

    27.05.2026 во 21:31

    Драма во Лаос: Спасувачите пронајдоа живи петмина од седумтемина заробени во пештера

    27.05.2026 во 21:18

    Словенија погодена од силно невреме: Поплавени улици, откорнати покриви и блокиран сообраќај

    27.05.2026 во 21:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Герасимовски за Сител: Најстроги санкции за инвеститорот и изведувачот на „Теодосиј Гологанов“
    • Драма во Лаос: Спасувачите пронајдоа живи петмина од седумтемина заробени во пештера
    • Словенија погодена од силно невреме: Поплавени улици, откорнати покриви и блокиран сообраќај
    • Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето
    • Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
    • Тешка несреќа на патот Скопје-Велес: Повредени се три млади девојки
    • Светски познатиот Хозе Карерас на плоштад Македонија на 1. Септември заедно со македонските ѕвезди
    • Десет пријави за семејно насилство за 24 часа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    05.05.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше за ефектите од поддршката кон домашните компании, посочувајќи дека економијата бележи позитивни поместувања кои резултираат со зголемување на бројот на вработени. Според неговите податоци, во последната година се отворени над 15.000 нови работни места.

    „Во последните година дена се креирани повеќе од 15.000 нови работни места. И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу 710.000 вработени и под 90.000 невработени, коишто се пријавени“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

    Тој направи подетална анализа на структурата на невработеноста, посочувајќи дека реалната бројка на оние кои бараат работа е значително помала ако се земат предвид земјоделците и средношколците кои по закон се водат во работоспособното население.

    „Ако во тие под 90.000 невработени имаме, да речеме околу 30.000 земјоделци. Невработените се водат како работоспособно население од 15 до 65, тоа се две генерации 15 и 16 години, средношколци, а средното образование е задолжително, ќе дојдеме до бројка од отприлика, не повеќе од 35-40.000 невработени, што претставува некаде под 5% од работоспособното население“, објасни премиерот.

    Мицкоски заклучи дека овие параметри се доказ за економскиот напредок и претставуваат рекорд во историјата на државата.

    „И ова е историски најниско ниво, од било кога, од кога постои независна Македонија“, вели премиерот.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски за Сител: Најстроги санкции за инвеститорот и изведувачот на „Теодосиј Гологанов“

    27.05.2026 во 21:31

    Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3

    27.05.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.