Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ГАЛЕРИЈА) Нови 34 питомци дадоа свечена заклетва на Воената академија во Скопје
    • „Маж ја допирал по телото ќерка ми во автобус“ – Вознемирена скопјанка пријавила во полиција
    • Таткото на сопругата на Ѓоко Ристов сведочеше за станот во Карпош: Плативме 140.000 евра, секоја страна даде по половина
    • Утре од 8 часот наутро посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје: Се затвораат повеќе улици
    • (ФОТО) Клековски ги посети пациентите со трансплантиран бубрег: Годинава изведени 15 трансплантации на Урологија
    • Падна кривична пријава за двајца вработени во Брзата помош во Тетово – не испратиле екипа за повредено лице
    • Трактор излета од пат во Пехчево, загина маж
    • Николоски: Мора да ги развиваме коридорите 8 и 10 за да обезбедиме економски напредок на Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    05.05.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше за ефектите од поддршката кон домашните компании, посочувајќи дека економијата бележи позитивни поместувања кои резултираат со зголемување на бројот на вработени. Според неговите податоци, во последната година се отворени над 15.000 нови работни места.

    „Во последните година дена се креирани повеќе од 15.000 нови работни места. И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу 710.000 вработени и под 90.000 невработени, коишто се пријавени“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

    Тој направи подетална анализа на структурата на невработеноста, посочувајќи дека реалната бројка на оние кои бараат работа е значително помала ако се земат предвид земјоделците и средношколците кои по закон се водат во работоспособното население.

    „Ако во тие под 90.000 невработени имаме, да речеме околу 30.000 земјоделци. Невработените се водат како работоспособно население од 15 до 65, тоа се две генерации 15 и 16 години, средношколци, а средното образование е задолжително, ќе дојдеме до бројка од отприлика, не повеќе од 35-40.000 невработени, што претставува некаде под 5% од работоспособното население“, објасни премиерот.

    Мицкоски заклучи дека овие параметри се доказ за економскиот напредок и претставуваат рекорд во историјата на државата.

    „И ова е историски најниско ниво, од било кога, од кога постои независна Македонија“, вели премиерот.

    Прочитај повеќе

    (ГАЛЕРИЈА) Нови 34 питомци дадоа свечена заклетва на Воената академија во Скопје

    22.10.2026 во 13:58

    „Маж ја допирал по телото ќерка ми во автобус“ – Вознемирена скопјанка пријавила во полиција

    22.10.2026 во 13:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.