Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести: Падна цената на нафтата

    01.10.2026 во 14:04

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Грам марихуана за 800, а кокаин и до 6.000 денари – познат ценовникот на нарко-картелот од Прилеп

    01.10.2026 во 15:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полицајци пукаа во воздух: Во Неготинско фатени седум лица при кражба
    • Фон дер Лајен од Скопје: Работиме на деблокирање на процесот
    • Физички напад во средно училиште во Гази Баба: Вработен пријавил дека бил нападнат од колега
    • Сообраќајна незгода на булеварот „Александар Македонски“: Повредени полициски службеник и сопатник
    • (ФОТО) Мицкоски пред Фон дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања
    • Газда Деко оди во 30-дневен притвор
    • Не им доаѓа памет: Возат без дозволи и покрај забраните, полицијата приведе десет лица во изминатите 24 часа
    • Млад скопјанец дома чувал бомба кашикара – полицијата го приведе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    05.05.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше за ефектите од поддршката кон домашните компании, посочувајќи дека економијата бележи позитивни поместувања кои резултираат со зголемување на бројот на вработени. Според неговите податоци, во последната година се отворени над 15.000 нови работни места.

    „Во последните година дена се креирани повеќе од 15.000 нови работни места. И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу 710.000 вработени и под 90.000 невработени, коишто се пријавени“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

    Тој направи подетална анализа на структурата на невработеноста, посочувајќи дека реалната бројка на оние кои бараат работа е значително помала ако се земат предвид земјоделците и средношколците кои по закон се водат во работоспособното население.

    „Ако во тие под 90.000 невработени имаме, да речеме околу 30.000 земјоделци. Невработените се водат како работоспособно население од 15 до 65, тоа се две генерации 15 и 16 години, средношколци, а средното образование е задолжително, ќе дојдеме до бројка од отприлика, не повеќе од 35-40.000 невработени, што претставува некаде под 5% од работоспособното население“, објасни премиерот.

    Мицкоски заклучи дека овие параметри се доказ за економскиот напредок и претставуваат рекорд во историјата на државата.

    „И ова е историски најниско ниво, од било кога, од кога постои независна Македонија“, вели премиерот.

    Прочитај повеќе

    Полицајци пукаа во воздух: Во Неготинско фатени седум лица при кражба

    02.10.2026 во 14:26

    Фон дер Лајен од Скопје: Работиме на деблокирање на процесот

    02.10.2026 во 14:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.