Close Menu
Press24
    Најново

    Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија

    23.06.2026 во 17:34

    Најмногу средства од ребалансот на Буџетот за министерствата за животна средина и за транспорт

    23.06.2026 во 17:19

    Премиерот Мицкоски се огласи по смртта на Илиевски: Беше работлив, чесен и скромен човек

    23.06.2026 во 17:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
    • Најмногу средства од ребалансот на Буџетот за министерствата за животна средина и за транспорт
    • Премиерот Мицкоски се огласи по смртта на Илиевски: Беше работлив, чесен и скромен човек
    • „Сите сме во шок и неверување“: И Орце Ѓорѓиевски се прости од починатиот градоначалник на Брвеница
    • „Твоето дело и споменот за тебе нема да биде заборавен“ – Мицкоски изрази сочувство до семејството на градоначалникот на Брвеница
    • Путин: Западот отворено се подготвува за војна со Русија, подготвени сме да одговориме
    • Авион на ДЗС дејствува врз пожарот кај планината Богословец
    • Тажна вест: Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    05.05.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше за ефектите од поддршката кон домашните компании, посочувајќи дека економијата бележи позитивни поместувања кои резултираат со зголемување на бројот на вработени. Според неговите податоци, во последната година се отворени над 15.000 нови работни места.

    „Во последните година дена се креирани повеќе од 15.000 нови работни места. И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу 710.000 вработени и под 90.000 невработени, коишто се пријавени“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

    Тој направи подетална анализа на структурата на невработеноста, посочувајќи дека реалната бројка на оние кои бараат работа е значително помала ако се земат предвид земјоделците и средношколците кои по закон се водат во работоспособното население.

    „Ако во тие под 90.000 невработени имаме, да речеме околу 30.000 земјоделци. Невработените се водат како работоспособно население од 15 до 65, тоа се две генерации 15 и 16 години, средношколци, а средното образование е задолжително, ќе дојдеме до бројка од отприлика, не повеќе од 35-40.000 невработени, што претставува некаде под 5% од работоспособното население“, објасни премиерот.

    Мицкоски заклучи дека овие параметри се доказ за економскиот напредок и претставуваат рекорд во историјата на државата.

    „И ова е историски најниско ниво, од било кога, од кога постои независна Македонија“, вели премиерот.

    Прочитај повеќе

    Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија

    23.06.2026 во 17:34

    Премиерот Мицкоски се огласи по смртта на Илиевски: Беше работлив, чесен и скромен човек

    23.06.2026 во 17:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.