Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13

    Ниту бугарската полиција не евидентирала влез на Ива Михајлова

    12.10.2026 во 13:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Масовна тепачка во Делчево: Кривични пријави за седум лица за насилство над момче од Пехчево
    • Георгиев го повика Филипче и Герасимовски на терен: Погледнете што се гради во Центар и каде е зеленилото
    • Лажно пријавила кражба во Дебар: 24-годишна девојка „останала“ без злато вредно 3.000 евра, па добила кривична пријава
    • Напад во казино во Ѓорче Петров: Приведен 50-годишен маж
    • „Ми побараа пари, не им дадов, па ме натепаа“: 36-годишник преживеал хорор во Центар
    • Падна раководител на смена на Јажинце: Пропуштил да санкционира возач со истечена сообраќајна дозвола
    • Селин Анил Октај: Diamond Mall не е само место каде што се купува, туку место каде што луѓето сакаат да поминуваат време
    • МВР со нови активности за управување со миграцијата: Започнува соработката во рамките на проектот „ФерПат“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    05.05.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше за ефектите од поддршката кон домашните компании, посочувајќи дека економијата бележи позитивни поместувања кои резултираат со зголемување на бројот на вработени. Според неговите податоци, во последната година се отворени над 15.000 нови работни места.

    „Во последните година дена се креирани повеќе од 15.000 нови работни места. И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу 710.000 вработени и под 90.000 невработени, коишто се пријавени“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

    Тој направи подетална анализа на структурата на невработеноста, посочувајќи дека реалната бројка на оние кои бараат работа е значително помала ако се земат предвид земјоделците и средношколците кои по закон се водат во работоспособното население.

    „Ако во тие под 90.000 невработени имаме, да речеме околу 30.000 земјоделци. Невработените се водат како работоспособно население од 15 до 65, тоа се две генерации 15 и 16 години, средношколци, а средното образование е задолжително, ќе дојдеме до бројка од отприлика, не повеќе од 35-40.000 невработени, што претставува некаде под 5% од работоспособното население“, објасни премиерот.

    Мицкоски заклучи дека овие параметри се доказ за економскиот напредок и претставуваат рекорд во историјата на државата.

    „И ова е историски најниско ниво, од било кога, од кога постои независна Македонија“, вели премиерот.

    Прочитај повеќе

    Масовна тепачка во Делчево: Кривични пријави за седум лица за насилство над момче од Пехчево

    13.10.2026 во 13:50

    Георгиев го повика Филипче и Герасимовски на терен: Погледнете што се гради во Центар и каде е зеленилото

    13.10.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.