Close Menu
Press24
    Најново

    Трипуновски најави нови 1,4 милијарди денари за земјоделците и инвестиции во водостопанството

    30.06.2026 во 16:41

    Собранието пресече: Електрични тротинети само за полнолетни, казна од 120 евра за брзо возење, на тротоар ќе се вози со максимум 6 км/ч

    30.06.2026 во 16:29

    Утре ќе нема струја 7 часа – ЕВН најави исклучувања во неколку скопски општини

    30.06.2026 во 16:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трипуновски најави нови 1,4 милијарди денари за земјоделците и инвестиции во водостопанството
    • Собранието пресече: Електрични тротинети само за полнолетни, казна од 120 евра за брзо возење, на тротоар ќе се вози со максимум 6 км/ч
    • Утре ќе нема струја 7 часа – ЕВН најави исклучувања во неколку скопски општини
    • Трагедија во Хрватска: Жена се задуши во пожар предизвикан од клима-уред
    • Уапсени 12 возачи без дозволи низ Македонија, во Кратово пијан возач се забил во камион
    • Обид за палење куќа, напади со дрвени предмети – За еден ден пријавени 11 случаи на семејно насилство, уапсени седум лица
    • Силно невреме со град го зафати регионот меѓу Куманово и Скопје, алармираат од УХМР
    • Драма во Гостивар: Пијан маж со автомобил ја скршил вратата од куќата на бабата и дедото, па ја нападнал сопругата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    05.05.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше за ефектите од поддршката кон домашните компании, посочувајќи дека економијата бележи позитивни поместувања кои резултираат со зголемување на бројот на вработени. Според неговите податоци, во последната година се отворени над 15.000 нови работни места.

    „Во последните година дена се креирани повеќе од 15.000 нови работни места. И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу 710.000 вработени и под 90.000 невработени, коишто се пријавени“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

    Тој направи подетална анализа на структурата на невработеноста, посочувајќи дека реалната бројка на оние кои бараат работа е значително помала ако се земат предвид земјоделците и средношколците кои по закон се водат во работоспособното население.

    „Ако во тие под 90.000 невработени имаме, да речеме околу 30.000 земјоделци. Невработените се водат како работоспособно население од 15 до 65, тоа се две генерации 15 и 16 години, средношколци, а средното образование е задолжително, ќе дојдеме до бројка од отприлика, не повеќе од 35-40.000 невработени, што претставува некаде под 5% од работоспособното население“, објасни премиерот.

    Мицкоски заклучи дека овие параметри се доказ за економскиот напредок и претставуваат рекорд во историјата на државата.

    „И ова е историски најниско ниво, од било кога, од кога постои независна Македонија“, вели премиерот.

    Прочитај повеќе

    Собранието пресече: Електрични тротинети само за полнолетни, казна од 120 евра за брзо возење, на тротоар ќе се вози со максимум 6 км/ч

    30.06.2026 во 16:29

    Утре ќе нема струја 7 часа – ЕВН најави исклучувања во неколку скопски општини

    30.06.2026 во 16:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.