Close Menu
Press24
    Најново

    Глобален колапс на услугите на Microsoft: Повеќе од 10 часа парализирани институции и компании ширум светот

    13.11.2026 во 10:40

    Јас сум жена“ повторно ги обединува успешните жени – Утре голем настан во Скопје

    13.11.2026 во 10:37

    Четири војници загинаа при пад на воен хеликоптер во Турција

    13.11.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Глобален колапс на услугите на Microsoft: Повеќе од 10 часа парализирани институции и компании ширум светот
    • Јас сум жена“ повторно ги обединува успешните жени – Утре голем настан во Скопје
    • Четири војници загинаа при пад на воен хеликоптер во Турција
    • Голем временски пресврт во регионот: Од пролетни 24 степени до обилен снег на планините
    • Трагедија го потресе светот: Камион изгубил контрола и предизвикал верижен судар со 14 жртви
    • Македонската полиција му упаднала дома – Претрес заврши со апсење
    • Трагедија во Германија: Двајца млади мажи загинаа во ужасен пожар, 14 повредени
    • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    28.10.2026 во 10:482 Mins Read
    МЗ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски оствари серија средби со меѓународни здравствени претставници во рамки на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, со акцент на размената на искуства, билатералната соработка и справувањето со здравствените и демографските предизвици.

    Меѓу соговорниците на Клековски бил и чешкиот министер за здравство Адам Војтјех. На средбата биле разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, а македонскиот министер се заблагодарил за поддршката од Чешка по трагедијата во Кочани и ги претставил приоритетите на домашниот здравствен систем.

    Клековски разговарал и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија, како и со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Во разговорот со Бауер посебно внимание било посветено на демографските прашања со кои се соочуваат земјите во регионот.

    Во рамки на посетата, министерот имал средби и со двајца кандидати за функцијата генерален директор на СЗО – Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, и Ханан Ал-Кувари, поранешна министерка за јавно здравје на Катар.

    На овие разговори Клековски ги истакнал приоритетите на Македонија и потребата од континуирана поддршка од СЗО за земјите во европскиот регион.

    На средбите министерот бил придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Фадил Зендели, соопшти Министерството за здравство.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Јас сум жена“ повторно ги обединува успешните жени – Утре голем настан во Скопје

    13.11.2026 во 10:37

    Македонската полиција му упаднала дома – Претрес заврши со апсење

    13.11.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.