Close Menu
Press24
    Најново

    Експлодирале плински боци во камион – најмалку 30 загинати во Каиро

    26.11.2026 во 09:19

    Денес ѕвездите носат убави изненадувања: Еден знак ќе реши важен проблем, друг ќе добие нова можност

    26.11.2026 во 09:08

    Историски чекор за инклузијата: Македонските филмови стануваат пристапни за сите

    26.11.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Експлодирале плински боци во камион – најмалку 30 загинати во Каиро
    • Денес ѕвездите носат убави изненадувања: Еден знак ќе реши важен проблем, друг ќе добие нова можност
    • Историски чекор за инклузијата: Македонските филмови стануваат пристапни за сите
    • „Нефрон“ ја подига свеста за значењето на донирањето органи
    • Пратениците расправаат за судија на Уставен и мисијата АЛТЕА
    • УХМР издаде метео-предупредување
    • Немирна ноќ во Скопје: Во полиција пријавени два инциденти
    • Семејна драма во Македонија: 60-годишен маж ја истепал 80-годишната мајка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    28.10.2026 во 10:482 Mins Read
    МЗ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски оствари серија средби со меѓународни здравствени претставници во рамки на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, со акцент на размената на искуства, билатералната соработка и справувањето со здравствените и демографските предизвици.

    Меѓу соговорниците на Клековски бил и чешкиот министер за здравство Адам Војтјех. На средбата биле разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, а македонскиот министер се заблагодарил за поддршката од Чешка по трагедијата во Кочани и ги претставил приоритетите на домашниот здравствен систем.

    Клековски разговарал и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија, како и со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Во разговорот со Бауер посебно внимание било посветено на демографските прашања со кои се соочуваат земјите во регионот.

    Во рамки на посетата, министерот имал средби и со двајца кандидати за функцијата генерален директор на СЗО – Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, и Ханан Ал-Кувари, поранешна министерка за јавно здравје на Катар.

    На овие разговори Клековски ги истакнал приоритетите на Македонија и потребата од континуирана поддршка од СЗО за земјите во европскиот регион.

    На средбите министерот бил придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Фадил Зендели, соопшти Министерството за здравство.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Историски чекор за инклузијата: Македонските филмови стануваат пристапни за сите

    26.11.2026 во 09:03

    „Нефрон“ ја подига свеста за значењето на донирањето органи

    26.11.2026 во 09:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.