Close Menu
Press24
    Најново

    Неверојатна среќа на Лото: Платил 540 динари и освоил 3,4 милиони евра

    20.11.2026 во 22:15

    Камион за смет ја влечел Теодора 100 метри – возачот продолжил да собира смет уште три часа

    20.11.2026 во 21:44

    Луфтханза укинува 1.000 работни места: Месечни загуби од 20 милиони евра и скапо гориво ја продлабочуваат кризата

    20.11.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Неверојатна среќа на Лото: Платил 540 динари и освоил 3,4 милиони евра
    • Камион за смет ја влечел Теодора 100 метри – возачот продолжил да собира смет уште три часа
    • Луфтханза укинува 1.000 работни места: Месечни загуби од 20 милиони евра и скапо гориво ја продлабочуваат кризата
    • Полициска акција во Улцињ: Уапсен Русин, пронајдени 24 странски државјани и запленети 42 телефони
    • Жена нападната во трговски центар во Скопје – во полиција пријавила две лица
    • Тоа би било катастрофа – Украинците стравуваат дека Путин подготвува нова воена замка
    • Син ја пријавил мајка си за сексуално злоставување кога имал 11 години – ѝ се заканува доживотен затвор
    • Двајца скопјани пријавиле дека добивале телефонски закани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    28.10.2026 во 10:482 Mins Read
    МЗ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски оствари серија средби со меѓународни здравствени претставници во рамки на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, со акцент на размената на искуства, билатералната соработка и справувањето со здравствените и демографските предизвици.

    Меѓу соговорниците на Клековски бил и чешкиот министер за здравство Адам Војтјех. На средбата биле разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, а македонскиот министер се заблагодарил за поддршката од Чешка по трагедијата во Кочани и ги претставил приоритетите на домашниот здравствен систем.

    Клековски разговарал и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија, како и со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Во разговорот со Бауер посебно внимание било посветено на демографските прашања со кои се соочуваат земјите во регионот.

    Во рамки на посетата, министерот имал средби и со двајца кандидати за функцијата генерален директор на СЗО – Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, и Ханан Ал-Кувари, поранешна министерка за јавно здравје на Катар.

    На овие разговори Клековски ги истакнал приоритетите на Македонија и потребата од континуирана поддршка од СЗО за земјите во европскиот регион.

    На средбите министерот бил придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Фадил Зендели, соопшти Министерството за здравство.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Жена нападната во трговски центар во Скопје – во полиција пријавила две лица

    20.11.2026 во 21:13

    Двајца скопјани пријавиле дека добивале телефонски закани

    20.11.2026 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.