Close Menu
    Најново

    Трагедија во Гази Баба: Пожар проголтал два магацини, пронајдено опожарено машко тело

    14.12.2025 во 14:31

    Струмичанец пукал со воздушна пушка и погодил дете – заработи кривична пријава

    14.12.2025 во 14:26

    Обид за убиство во Куманово: 84-годишник кривично ќе се гони

    14.12.2025 во 14:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Трагедија во Гази Баба: Пожар проголтал два магацини, пронајдено опожарено машко тело
    • Струмичанец пукал со воздушна пушка и погодил дете – заработи кривична пријава
    • Обид за убиство во Куманово: 84-годишник кривично ќе се гони
    • Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени 14 лица
    • Зеленски: Украина подготвена да се откаже од НАТО
    • Познат идентитетот на напаѓачот: 24-годишник стои зад терористичкиот напад на плажа во Сиднеј
    • СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија
    • Мицкоски во Бутел: Крај на децениското трпение на полицајците, по 30 години, полициските службеници добиваат нова полициска станица
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Мицкоски: Македонските граѓани што ја напуштија државата почнаа полека да се враќаат

    12.12.2025 во 13:39

    Мицкоски: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе достават документи со кои ќе гарантираат дека нема да се градат мигрантски кампови

    12.12.2025 во 13:30

    Уапсен екс-државниот правобранител Фехми Стафа за поткуп од десетици илјади евра

    13.12.2025 во 22:39

    Мицкоски во Бутел: Крај на децениското трпение на полицајците, по 30 години, полициските службеници добиваат нова полициска станица

    14.12.2025 во 13:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.