Close Menu
    Најново

    Повторно блокиран Евзони

    16.12.2025 во 19:13

    Внимателно возете: Магла во околината на Дебар

    16.12.2025 во 19:09

    Москва: Нема прекин на нападите за Божиќ

    16.12.2025 во 18:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Повторно блокиран Евзони
    • Внимателно возете: Магла во околината на Дебар
    • Москва: Нема прекин на нападите за Божиќ
    • Брутален напад во Тетово: Маж претепан од четири лица на улица
    • Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска
    • Владимир Туфегџиќ: Заминува обвинител кој броеше обвиненија, а не резултати
    • Трагедија во затвор: Почина млад затвореник
    • Вознемирувачки случај во Гази Баба: Малолетно дете нападнато пред училиште
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците

    15.12.2025 во 22:36

    Зеленски: Ако Путин одбие САД ќе ни обезбедат пари и оружје

    16.12.2025 во 11:13

    Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома – Полицијата го испрашува

    16.12.2025 во 10:41

    Паднаа командир и четворица полицајци – Се сомничат за попречување на правдата

    16.12.2025 во 14:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.