Close Menu
Press24
    Најново

    Министерство за финансии: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки

    21.11.2026 во 10:30

    Мицкоски денеска во Делчево

    21.11.2026 во 10:28

    Денеска се празнува Свети архангел Михаил: Сѐ што треба да знаете

    21.11.2026 во 10:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерство за финансии: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки
    • Мицкоски денеска во Делчево
    • Денеска се празнува Свети архангел Михаил: Сѐ што треба да знаете
    • Денеска топло, ама нѐ очекува заладување
    • „Тато, тато, тато, те молам не…“ – Страшна семејна трагедија го потресе светот
    • Вечерва на полноќ замислете желба, но внимавајте што посакувате: Обичај во пресрет на Архангел Михаил
    • Младиот полицаец Дејан загина враќајќи се дома од турнир – Излетал од патот во близина на Зворник
    • Од 24 на само 4 степени во рок од 24 часа – Погледнете какви температури се измерени вечерва низ Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    28.10.2026 во 10:482 Mins Read
    МЗ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски оствари серија средби со меѓународни здравствени претставници во рамки на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, со акцент на размената на искуства, билатералната соработка и справувањето со здравствените и демографските предизвици.

    Меѓу соговорниците на Клековски бил и чешкиот министер за здравство Адам Војтјех. На средбата биле разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, а македонскиот министер се заблагодарил за поддршката од Чешка по трагедијата во Кочани и ги претставил приоритетите на домашниот здравствен систем.

    Клековски разговарал и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија, како и со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Во разговорот со Бауер посебно внимание било посветено на демографските прашања со кои се соочуваат земјите во регионот.

    Во рамки на посетата, министерот имал средби и со двајца кандидати за функцијата генерален директор на СЗО – Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, и Ханан Ал-Кувари, поранешна министерка за јавно здравје на Катар.

    На овие разговори Клековски ги истакнал приоритетите на Македонија и потребата од континуирана поддршка од СЗО за земјите во европскиот регион.

    На средбите министерот бил придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Фадил Зендели, соопшти Министерството за здравство.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Министерство за финансии: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки

    21.11.2026 во 10:30

    Мицкоски денеска во Делчево

    21.11.2026 во 10:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.