Close Menu
Press24
    Најново

    Септември почнува пеколно – есенски утра кон крајот на месецот

    29.08.2026 во 14:20

    Го возел автобусот запален за да избега од шумата – возачот на ЈСП го спасил Водно од голем пожар

    30.08.2026 во 12:00

    Франција ги забранува мобилните телефони и во средните училишта

    29.08.2026 во 14:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шведска ќе им плаќа по 30.000 евра на мигрантите за да си заминат
    • Месечна прогноза: Пекол на стартот на септември – есента доаѓа при крајот
    • ЈСП: Голема благодарност до возачот – спречил многу посериозни последици
    • ФОТО: Завршува продолжениот викенд – На Богородица уште сега се чека преку 2 часа – на Дојран е прав хаос
    • Хамнеи: Муслиманскиот свет да се обедини против вистинскиот непријател
    • Лефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда
    • ФОТО: Се запалил горниот кат на автобусот
    • СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка по скандалот со фалсификуваните возачки дозволи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    05.05.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше за ефектите од поддршката кон домашните компании, посочувајќи дека економијата бележи позитивни поместувања кои резултираат со зголемување на бројот на вработени. Според неговите податоци, во последната година се отворени над 15.000 нови работни места.

    „Во последните година дена се креирани повеќе од 15.000 нови работни места. И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу 710.000 вработени и под 90.000 невработени, коишто се пријавени“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

    Тој направи подетална анализа на структурата на невработеноста, посочувајќи дека реалната бројка на оние кои бараат работа е значително помала ако се земат предвид земјоделците и средношколците кои по закон се водат во работоспособното население.

    „Ако во тие под 90.000 невработени имаме, да речеме околу 30.000 земјоделци. Невработените се водат како работоспособно население од 15 до 65, тоа се две генерации 15 и 16 години, средношколци, а средното образование е задолжително, ќе дојдеме до бројка од отприлика, не повеќе од 35-40.000 невработени, што претставува некаде под 5% од работоспособното население“, објасни премиерот.

    Мицкоски заклучи дека овие параметри се доказ за економскиот напредок и претставуваат рекорд во историјата на државата.

    „И ова е историски најниско ниво, од било кога, од кога постои независна Македонија“, вели премиерот.

    Прочитај повеќе

    Месечна прогноза: Пекол на стартот на септември – есента доаѓа при крајот

    30.08.2026 во 13:13

    ЈСП: Голема благодарност до возачот – спречил многу посериозни последици

    30.08.2026 во 13:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.