Close Menu
Press24
    Најново

    Почнува продажбата на Алта банка – Што ќе се случува со парите на штедачите

    16.11.2026 во 08:29

    Ужас во Македонија: Ја претепал девојката до бесвест и ја оставил на улица

    16.11.2026 во 08:25

    Скандал ја тресе Бугарија: Ива Михаилова откри притисоци од бугарската тајна служба

    16.11.2026 во 08:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почнува продажбата на Алта банка – Што ќе се случува со парите на штедачите
    • Ужас во Македонија: Ја претепал девојката до бесвест и ја оставил на улица
    • Скандал ја тресе Бугарија: Ива Михаилова откри притисоци од бугарската тајна служба
    • Искра Хаџи Василева седнува во директорската фотелја на ОЈО ГОКК
    • Полицијата веќе казнува 2.700 денари – АМСМ со важна вест за возачите
    • Ќе снема струја – Исклучувања во Скопје, прекинот ќе трае скоро 7 часа
    • Над 300 амандмани на маса: Како ќе се трошат парите од државната каса во 2027 година?
    • Дождот се враќа, но тоа не е единствената промена: УХМР со најава за неделава
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    28.10.2026 во 10:482 Mins Read
    МЗ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски оствари серија средби со меѓународни здравствени претставници во рамки на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, со акцент на размената на искуства, билатералната соработка и справувањето со здравствените и демографските предизвици.

    Меѓу соговорниците на Клековски бил и чешкиот министер за здравство Адам Војтјех. На средбата биле разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, а македонскиот министер се заблагодарил за поддршката од Чешка по трагедијата во Кочани и ги претставил приоритетите на домашниот здравствен систем.

    Клековски разговарал и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија, како и со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Во разговорот со Бауер посебно внимание било посветено на демографските прашања со кои се соочуваат земјите во регионот.

    Во рамки на посетата, министерот имал средби и со двајца кандидати за функцијата генерален директор на СЗО – Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, и Ханан Ал-Кувари, поранешна министерка за јавно здравје на Катар.

    На овие разговори Клековски ги истакнал приоритетите на Македонија и потребата од континуирана поддршка од СЗО за земјите во европскиот регион.

    На средбите министерот бил придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Фадил Зендели, соопшти Министерството за здравство.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Почнува продажбата на Алта банка – Што ќе се случува со парите на штедачите

    16.11.2026 во 08:29

    Ужас во Македонија: Ја претепал девојката до бесвест и ја оставил на улица

    16.11.2026 во 08:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.