Македонија и официјално го потврди своето враќање на Изборот за песна на Евровизија 2027, кој ќе се одржи во бугарскиот крајбрежен град Бургас.

Според најавите на градоначалникот на Бургас, Димитар Николов, на претстојниот евровизиски натпревар се очекува рекордна конкуренција со претставници од повеќе од 40 држави.

„Повеќе од 40 држави, рекорден број земји, ќе учествуваат следната година“, истакна градоначалникот Николов.

Заклучно со 16 август 2026 година, според официјалните податоци на организаторите, своето учество на сцената во Бургас веќе го потврдија првите 20 земји.

Меѓу нив се Австрија, Албанија, Бугарија како домаќин, Велика Британија, Германија, Грција, Данска, Израел, Италија, Канада, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Романија, Сан Марино, Северна Македонија, Финска и Швајцарија.

Покрај враќањето на Македонија на евровизиската сцена, посебно внимание привлекува и најавеното дебитантско учество на Канада, со што натпреварот се очекува да биде еден од најразновидните досега.

Конечниот список на сите земји учеснички организаторите се очекува да го објават во наредниот период.

Во меѓувреме, интерес за претставување на земјава веќе пројавија повеќе познати имиња од естрадата, меѓу кои Бојан Јовановски, Антониа Гиговска, Ивона Јо, Боби Андонов и Марио Арангеловски.

Засега останува нејасно дали македонскиот претставник ќе биде избран преку интерен конкурс или преку фестивалско издание по примерот на некогашниот Скопски фестивал.

Exit mobile version