Утрово цела Македонија се разбуди со ниски температури, а најстудено беше на Попова Шапка каде се измерени минус седум степени. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утрински минуси се забележани и во Берово, Крушево и Маврово.

Утрински температури по градови:

  • -7°C: Попова Шапка
  • -3°C: Берово, Крушево
  • -2°C: Маврови Анови
  • 1°C: Охрид, Крива Паланка, Претор, Битола
  • 2°C: Тетово, Прилеп, Струмица, Штип
  • 3°C: Скопје (Зајчев Рид и Петровец), Куманово, Виница
  • 4°C: Кавадарци, Демир Капија
  • 5°C: Велес
  • 7°C: Гевгелија (најтопло)

Снежната покривка на Попова Шапка и понатаму е значителна и изнесува 58 сантиметри.

Exit mobile version